Почетна » Новости » Актуелно » „Петарда беше намерно фрлена во негова близина“: Македонка со дете со аутизам со апел за празниците

„Петарда беше намерно фрлена во негова близина“: Македонка со дете со аутизам со апел за празниците

Мајка на дете со аутизам апелира на емпатија за време на празниците.

Амела Мемиш Апостоловска напиша порака на Facebook откако во близина на нејзиниот аутистичен син Леон намерно била фрлена петарда, потег проследен со потсмев. Реакцијата на исплашеното дете ја натерало Амела да напише пост со кој ќе ја подигне свеста кај луѓето за различните деца како нејзиниот син во периодот во кој фрлањето петарди ќе биде сè почесто.

Леон

Еве го нејзиниот апел:

СПОДЕЛЕТЕ!

АПЕЛ за емпатија во претстојниот празничен период.

Драги родители, наставници и сите кои можат да придонесат за подобро општество,

Денеска, како мајка на дете со аутизам, го доживеав еден од најтешкиот момент кои го оставаат срцето скршено и душата тешка. Мојот син Леон, кој секогаш носи невиност, радост и чистота во своето срце, беше изложен на момент кој го исплаши до сржта.

Додека уживавме во надворешниот свет, децата околу нас се чинеа дека ја користат својата енергија за игра и радост, но еден миг се претвори во кошмар за моето дете. Петарда беше намерно фрлена во негова близина. Не беше тоа случаен настан, туку чин кој следеше со потсмев кон него поради неговата реакција, потег кој го засегна најчувствителниот дел од неговата душа.

Леон, дете со аутизам, нежно дете, со својата сензитивност која го прави посебен, беше преплашен. Го видов како застанува, како му се шират очите во паника, како телото му се тресе од силниот страв. Во мигот кога петардата одекна, неговото срце, кое обично пулсира со радост, започна да чука забрзано силно, како предупредување на опасноста.

Во тој момент ги затвори ушињата и почна да плаче, а солзите му течеа како река, изразувајќи страв што зборовите не можат да го опишат. Се упати со силен писок кон мене, бегајќи од местото каде што беше фрлена петардата, барајќи заштита, прибежиште, мир. Со раширени раце го прегрнав, а тој се стутка во моите гради, како да сака да се скрие од светот. Телото му беше вкочането од шокот, а силното срцебиење ја оддаваше неговата внатрешна борба меѓу стравот и надежта дека е на сигурно.

Овој момент ми го скрши срцето. Но, повеќе од тоа, ми даде уште поголема сила да проговорам за потребата од свест, разбирање и емпатија. Никое дете не заслужува да помине низ ваква траума. Леон не беше само исплашен од звукот на петардата тој беше повреден од недостигот на емпатија, од непочитта кон неговата ранливост и верувањето дека децата ќе сакаат да си играат со него.

Затоа, ве молам, драги родители, одвојте време да разговарате со вашите деца. Објаснете им дека постојат деца кои се различни, но исто така прекрасни, како Леон. Научете ги дека играта не треба да биде на сметка на туѓата болка. Научете ги дека различноста е богатство, а не причина за потсмев.

Исто така, запомнете дека петардите не се само опасност за децата како Леон, туку и за вашите деца. Повредите од нив може да бидат сериозни и трајни. Но, уште посериозни се повредите што ги оставаме во душите на другите кога не покажуваме емпатија.

Нека оваа порака стигне до многумина. Нека ги поттикне родителите, наставниците и сите нас како заедница да ја градиме културата на почит и разбирање. Само така ќе создадеме свет каде секое дете и Леон, и вашето ќе може да расте во мир, сигурност и радост.

Леон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21133 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.