Едина Муса уживаше во чистиот воздух на Пониква.
33-годишната кошаркарка заедно со сопругот Александар Димитровски-Мачка го посетија популарниот туристички центар на Осоговските Планини. Едина го истакна пораснатото трудничко стомаче во црна облека.
Македонската спортистка, која очекува момче, сподели фотографии и напиша:
„Ова е мојата последна година сама. Во 2025 година, ќе добијам титула мајка на прекрасно момче. Господе, ти благодарам што ме благослови со сè на што некогаш се надевав – дете и прекрасно семејство полно со љубов“.
Едина и Мачка стапија во брак на крајот од ноември оваа година. Ова ќе биде нивно прво заедничко дете. Тој има уште две деца од бракот со пејачката Тамара Тодевска.