Горан Папаз го доби најубавиот новогодишен подарок. Неговата сопруга Наташа Атанасовска роди тројка и го направи најсреќниот човек на светот.
Македонскиот саксофонист ја објави убавата вест на Facebook и ги откри имињата на трите бебенца.
Татко на четири.
Едното пиле веќе втораче, другите три пајчиња денес пристигнаа.
Мама Нате, ти си мојот супер херој, те сакам!
Лена, Луна и Лазар, тато и мама ќе ве сакаат дури се живи.
Доктор Ана Данева Маркова и целиот ваш тим, фала ви.
Среќа е што ве имаме покрај нас, фала ви за сѐ што направивте и правите за сите нас.
Неизмерно благодарни.
Веста дека очекуваат тројка, Горан ја објави со фотографија од снимките од скринингот. „1 на 10.000 биле шансите за природна тројка... ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше. П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“ – напиша тогаш на Facebook.
Поранешниот член на групата Суперхикс и неговата сакана стапија во брак во јули 2022 година. Тој има синче по име Дамиан од првиот брак.