Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит финализиран по 8-годишна судска битка

Разводот на Анџелина Џоли и Бред Пит финализиран по 8-годишна судска битка

Анџелина Џоли и Бред Пит конечно ги потпишаа документите за развод. По долги осум години судска битка, холивудските актери официјално ставија крај на нивниот брак.

Џоли и Пит ги разрешија сите несогласувања околу поделбата на имотот, освен борбата за француската винарија Miraval, која ќе продолжи и понатаму.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Анџелина поднесе документи за развод од Бред пред повеќе од осум години, откако имаа инцидент во авион. Според информации до кои дојдоа странските медиуми, Џоли и Пит патувале со децата со приватен авион кога Бред се испијанил, започнал да вика и физички да ги малтретира децата.

Џоли и Пит водеа битка и околу старателството врз нивните шест деца, кое повремено го добиваше Анџелина. На почетокот од оваа година, беше објавено дека Пит се откажал од барањето за заедничко старателство.

Бред сега воопшто не комуницирал со децата, а две од нив веќе го отфрлија неговото презиме.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Пит е во врска со Инес де Рамон од ноември 2022 година.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21173 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.