Џорџ и Амал Клуни ќе станат родители на близначиња. Во француска емисија, 55-годишниот актер за првпат зборуваше за својата идна голема улога како татко.
Холивудскиот шармер изјави дека тој и неговата сопруга Амал се многу возбудени што ќе добијат две деца. „Ние сме многу среќни и возбудени. Ќе биде авантура. Го прифативме тоа со широко отворени раце“ – вели славниот актер.
Клуни признава дека омилениот дел му бил кога неговите пријатели дознале за среќната вест. „Седевме на маса осум мажи, на кои сите деца веќе им се на факултет, и сите ме поддржуваа, велејќи ми: „Одлично е, ќе го обожаваш“. Одеднаш се стишија и започнаа да имитираат бебешки плач и сите на масата започнаа гласно да се смеат“ – додава Џорџ.
Џорџ и Амал стапија во брак во септември 2014 година, а гласините се дека очекуваат момче и девојче.

