Северина одржа спектакуларен концерт на Градскиот плоштад во Крива Паланка.
52-годишната хрватска пејачка беше главна ѕвезда на празничните прослави посветени на патрониот општински празник Св. Јоаким Осоговски и на Денот на рударите – 28 август, кога се прославува и Голема Богородица. Таа изгледаше атрактивно во проѕирна креација од модната дизајнерка Матија Вуица.
Големата музичка ѕвезда сподели фотографии на социјалните мрежи и напиша: „Љубовта со љубов се враќа“.
![Северина](/images/articles/30459/01.jpg)
![Северина](/images/articles/30459/02.jpg)
![Северина](/images/articles/30459/03.jpg)
![Северина](/images/articles/30459/04.jpg)
![Северина](/images/articles/30459/05.jpg)
![Северина](/images/articles/30459/06.jpg)
![Северина](/images/articles/30459/07.jpg)
![Северина](/images/articles/30459/08.jpg)