Адријана Лима и Метин Хара ставија крај на нивната љубовна романса. 37-годишниот поранешен ангел на Victoria’s Secret и 36-годишниот турски писател се разделија по една и пол година заедно.
Лима и Хара за првпат беа фотографирани заедно во јули 2017 година во Бодрум, Турција.
Парот неретко објавуваше фотографии од романтични моменти.
Атрактивната Бразилка има две ќерки со поранешниот сопруг Марко Јариќ.