Адријана Лима и Метин Хара ја користат секоја можност за да поминуваат што повеќе време заедно. Убавата Бразилка пред неколку дена отпатува во Истанбул, каде се сретна со турскиот писател, а потоа парот заедно слета во Големото јаболко.
Модната ѕвезда и нејзиниот нов љубовен партнер беа фотографирани на њујоршкиот аеродром.
Лима на Instagram јавно сподели дека е заљубена во Метин, а и објави романтична фотографија.
Романсата на Лима и Хара стигна до очите на светската јавност минатиот месец, кога парот беше фотографиран во Бодрум.