Адријана Лима и Метин Хара ретко се фотографирани заедно, што е нормално со оглед на тоа дека живеат на различни страни на светот.
Турскиот писател ја посети убавата Бразилка во Мајами, а една од нивните средби ги привлече објективите на папараците.
36-годишниот модел носеше кратко фустанче во бохо стил за прошетката со 35-годишниот автор за време на која парот се почести со сладолед.
Врската на Лима и Хара стигна до очите на јавноста откако беа видени во Бодрум во јули минатата година.