Јуан Мекгрегор конечно ја доби својата ѕвезда во Холивуд. На познатиот Булевар на славните, 53-годишниот актер гордо го прими големото признание и ја доби поддршката од семејството.
Ѕвездата од „Star Wars“ позираше со сопругата Мери Елизабет Винстед и четири од неговите пет деца.
28-годишната Клара, 22-годишната Џамјан, 13-годишната Анук и 3-годишниот Лори се радуваа за успехот на нивниот татко.
Јуан има уште една ќерка, Естер, која не беше присутна на церемонијата.
Мекгрегор и Мери Елизабет се запознаа во 2017 година, а единствениот нивни заеднички син се роди во 2021 година. Тие официјално стапија во брак во април 2022 година.
Со поранешната сопруга Ева Мевракис, Јуан има две биолошки и две посвоени деца.