Јелена Јованова се радува на новиот член на семејството. Македонската актерка ја сподели првата фотографија од новороденото синче и откри дека ќе се вика Тома.
„Нашата нова животна сила. Тома. 16.09.2024“ – напиша таа во описот. Ова е второ дете на Јелена и нејзиниот сопруг Стјепан Периќ.
Ѕвездата од серијата „Преспав“ сподели и фотографија од своето стомаче во бременоста, која вешто ја криеше од јавноста.
Јелена и Стјепан стапија во брак во 2015 година. Нивното прво синче се роди во 2020 година.