Јелена Ѓоковиќ има мала „улога“ во вториот дел од анимираниот филм „Inside Out“ (U mojoj glavi).
37-годишната Србинка го позајми својот глас за еден од ликовите во верзијата синхронизирана на српски јазик.
На премиерата на филмот во Белград, сопругата на Новак Ѓоковиќ изгледаше модерно и шик. Нејзиниот моден избор за оваа пригода вклучуваше костум во ментол нијанса, кратка бела маичка, бели сандали и бела чантичка.