Новиот трејлер за екранизацијата на „Fifty Shades of Grey“ открива дел од еротските средби на Кристијан Греј (Џејми Дорнан) и Анастасија Стил (Дакота Џонсон).
Видеото ја следи врската на богатиот бизнисмен Греј со наивната г-ца Стил и ги воведува гледачите во нивните интимни игри.
Филмот е сниман според романот „Fifty Shades of Grey“ од трилогијата на Е. Л. Џејмс. Иако добија многу критики поради „сиромашниот“ вокабулар, книгите на Џејмс се искачија на врвот на листите на најпродавани книги во светот.
Филмот режиран од Сем Тејлор-Вуд е планирано да излезе на Св. Валентин следната година.