Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бритни Спирс сподели дека го изгуби бебето во рана бременост

Бритни Спирс сподели дека го изгуби бебето во рана бременост

Бритни Спирс и Сем Асгари тагуваат поради спонтан абортус. 40-годишната пејачка објави на Instagram дека го изгубила нероденото бебе.

Бритни Спирс и Сем Асгари

„Со длабока така мораме да соопштиме дека рано во бременоста го изгубивме нашето бебе-чудо. Ова е ужасен период за секој родител. Можеби требаше да почекаме до понапредна бременост за да објавиме, но бевме превозбудени да ги споделиме добрите вести.“

„Љубовта која ја имаме еден за друг е нашата сила. Ќе продолжиме да се обидуваме да го прошириме нашето прекрасно семејство. Благодарни сме ви за сета ваша поддршка. Љубезно ве замолуваме за приватност во овој тежок момент.“

Бритни

Бритни Спирс и Сем Асгари

Ова ќе беше прво дете на Бритни со Сем. Таа е мајка и на 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден Џејмс од бракот со Кевин Федерлајн.

Бритни Спирс и Сем Асгари

Бритни и Сем се верија во септември минатата година.

Бритни Спирс и Сем Асгари

Минатата година поп-ѕвездата обелодени дека поради старателството на нејзиниот татко Џејмс не ѝ било дозволено да има деца. „Би сакала да продолжам понатаму, да можам да се омажам и да имам бебе. Ми рекоа дека сега не можам да стапам во брак, ниту да имам бебе. Имам интраутерина влошка за да не забременам. Сакам да ми биде извадена за да можам да се обидам да имам уште едно бебе. Но, овој таканаречен тим, не ми дозволува да одам на доктор за ја извадам, бидејќи не сака да имам повеќе деца“ – рече таа на рочиштето пред да биде ослободена од старателството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20793 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.