Бритни Спирс се омажи со Сем Асгари.
40-годишната пејачка стапи во брак со 28-годишниот модел на интимна церемонија во Лос Анџелес.
Денес беа објавени првите фотографии од свадбената прослава.
Музичката ѕвезда блесна во венчаница од Версаче.
Видео
Бритни и Сем се верија во септември 2021 година. Во април оваа година, Бритни објави дека е бремена, но подоцна ја сподели тажната вест дека го изгуби бебето.
Бритни има две деца: 16-годишниот Шон Престон и 15-годишниот Џејден Џејмс од бракот со Кевин Федерлајн.
Поранешниот сопруг на Бритни, Џејсон Александар, се обиде да упадне на прославата, но беше спречен од обезбедувањето.