Можеби нема да ви се верува, но изминаа 16 години откако за првпат беше прикажан романтичниот филмски хит „A Walk To Remember“.
Менди Мур и Шејн Вест, главните ѕвезди кои влегоа во улогите на Лендон Картер и Џејми Саливан, со фотографии од романтични моменти од филмот го одбележаа овој специјален ден.

„Џејми + Лендон, пред 16 години. A Walk To Remember“ – напиша актерката во описот на Instagram.
Популарниот филм ја следи љубовната приказна на Џејми, ќерка на свештеник која страда од леукемија, и Лендон, бунтовникот кој се заљуби во неа и се трудеше да ѝ ги исполни сите животни желби пред таа да ја изгуби битката со страшната болест.