Менди Мур се заколна на вечна љубов.
34-годишната актерка и нејзиниот сакан Тејлор Голдсмит стапија во брак на интимна церемонија во дворот од нивното живеалиште во Лос Анџелес. Листата со гости ги вклучуваше најблиските пријатели и роднини на парот.




Ѕвездата од филмот „A Walk To Remember“ блескаше во романтична венчаница од американскиот бренд Rodarte.





„Убавината на... изработката, артистичноста и љубовта што беа вклучени во правењето на најспецијалниот фустан за еден ангел, клиент и драг пријател“ – напиша стилистката Кристина Ерлик.








Парот беше венчан од актерот Адам Ни кој сподели видео направено пет минути пред Тејлор да се упати кон олтарот.
„Пет минути пред да зачекори кон олтарот, тука го најдов Тејлор Голдсмит. Честитки Тејлор и Менди. Ве сакам многу“ – напиша Ни.
Вечерта, Менди се пресоблече во црн фустан.




Менди започна да се состанува со фронтменот на групата „Dawes“ во јули 2015 година додека траеше нејзината постапка за развод од бившиот сопруг Рајан Адамс.
