Поминаа 17 години откако Менди Мур и Шејн Вест го снимија трогателниот филм „A Walk To Remember“. Двајцата актери пресоздадоа фотографија од тој филм вчера на Холивудската патека на славните, каде Менди доби своја ѕвезда.
34-годишната актерка и 40-годишниот актер позираа прегрнати за пресоздавањето на романтична фотографија од Лендон Картер и Џејми Саливан.




Вест ѝ подари на Мур фотографија од снимањето на филмот.





Покрај Шејн, на настанот Менди ја поддржаа и нејзините колеги од серијата „This Is Us“, сопругот Тејлор Голдсмит и други пријатели.











