Вечерва ќе се одржи премиерата на заедничкиот филм на Лејди Гага и Бредли Купер на Филмскиот фестивал во Венеција. Двете ѕвезди пристигнаа фатени за раце на настан за новинари.
32-годишната пејачка се претстави пред фоторепортерите во елегантно издание кое вклучуваше бел фустан со дамски крој и црна чантичка.
Филмот насловен „A Star Is Born“ е режисерско деби на Бредли, кој ја има и главната улога покрај Лејди Гага.