За време на свечената манифестација по повод доделувањето на наградите Оскар, водителката Елен Деџенерис предложи холивудските ѕвезди да ја направат „најретвитуваната“ селфи фотографија.
За целта, таа повика некои од најпопуларните актери и актерки, меѓу кои Мерил Стрип, Џенифер Лоренс, Џулија Робертс, Џаред Лето, Бред Пит, Кевин Спејси, Лупита Нионго и Анџелина Џоли.
Бредли Купер го направи славното „селфи“ кое успеа да го сруши рекордот на Twitter. Досега фотографијата има речиси 2,5 милиони „ретвитови“, а тоа е и првиот „твит“ во историјата кој има достигнато 1 милион „ретвитови“.
If only Bradley's arm was longer. Best photo ever. #oscars pic.twitter.com/C9U5NOtGap
— Ellen DeGeneres (@TheEllenShow) March 3, 2014