Бијонсе и Џеј Зи ќе станат родители на близначиња. 35-годишната пејачка ја објави среќната вест на Instagram со фотографија од трудничкото стомаче и кратка порака.
„Би сакале да ја споделиме нашата љубов и среќа. Благословени сме двојно. Многу сме благодарни што нашето семејство ќе порасне за два и ви благодариме за вашите добри желби“ – напиша таа.
Бијонсе и Џеј Зи се родители на 5-годишната Блу Ајви.
Пред да добие ќерка, музичкиот пар изгуби бебе поради спонтан абортус. „Пред две години, бев бремена за првпат. Го слушнав чукањето на неговото срце, а тоа беше најубавата музика што сум ја слушнала во животот... Долетав во Њујорк за да одам на преглед – и немаше чукање на срцето. Буквално една недела претходно бев на доктор и сè беше во ред, но тогаш, не се слушаше срцето“ – раскажа Бијонсе.
Популарните музичари се во брак од 4 април 2008 година.