Том Харди ѝ ја даде својата поддршка на сопругата Шарлот Рајли на премиерата на нејзиниот најнов филм „Swimming with Men“.
На синиот тепих во Лондон, 36-годишната актерка зачекори во бел волуменозен фустан од Оскар де ла Рента додека 40-годишниот актер се појави во полежерно издание со фармерки, патики и кожена бомбер јакна.
Во еден момент Шарлот игриво го клоцна својот сакан:
Том и Шарлот ја започнаа својата врска во 2009 година, а го изговорија судбоносното „Да“ во јули 2014 година. Тие заедно имаат едно дете.