Том Харди доби поддршка од својата сопруга Шарлот Рајли на 88. по ред доделување на Оскарите. 38-годишниот актер и 34-годишната актерка изгледаа модерно и шик на холивудската свеченост.
Харди беше номиниран во категоријата Најдобар актер во споредна улога за „The Revenant“, но за жал наградата не заврши во негови раце.
Привлечната Англичанка зачекори на црвениот тепих во црна волуменозна креација од Gauri & Nainika, додека талентираниот холивудски заводник носеше одело од Gucci.
Славниот пар беше фотографиран со Леонардо Дикаприо.
Том и Шарлот ја започнаа својата врска во 2009 година, а го изговорија судбоносното „Да“ во јули 2014 година. Тие заедно имаат едно дете кое се роди во октомври минатата година.