Том Харди изгледа непрепознатливо на фотографиите за неговиот нов филм „Capone“.
За најдобро да ја одглуми улогата на Ал Капоне, 42-годишниот актер морал да помине низ голема мејкап трансформација. Благодарение на неверојатната шминка од Одри Дојл, Харди сосема се вклопува во изгледот на познатиот американски гангстер.
Дигиталната премиера на филмот за Ал Капоне ќе биде на 12 мај.