Том Харди присуствуваше на премиерата на својот најнов филмски проект „Dunkirk“ во Лондон. Холивудскиот заводник ја доби поддршката од својата сопруга Шарлот Рајли.
Атрактивните актери изгледаа заљубени и среќни додека со широки насмевки позираа пред фоторепортерите.
39-годишниот актер и 35-годишната актерка ја започнаа својата врска во 2009 година, а го изговорија судбоносното „Да“ во јули 2014 година. Тие заедно имаат едно дете кое се роди во октомври 2015 година.
Том се сретна и со принцот Хари.
Новиот филм режиран од Кристофер Нолан ќе започне да се прикажува во киносалите ширум светот од 21 јули.