Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Заводникот Том Харди признава: Родителството е најтешката работа на светот

Заводникот Том Харди признава: Родителството е најтешката работа на светот

Том Харди е главното лице во најновото издание на Esquire. 40-годишниот актер сними фотосесија за популарното машко списание, а во интервјуто проговори за родителството и претстојниот филм „Venom“ за кој се прогнозира дека ќе биде голем хит.

Том Харди Том Харди

Харди е татко на две деца. Тој има 10-годишен син од претходна врска и 2-годишен син со сегашната сопруга Шарлот Рајли, која моментално е во блажена состојба.

Коментирајќи ја таа улога во животот, тој вели: „Нема потешка работа на планетава, и поважна, од родителството. Имате војници, полицајци, доктори, тие заслужуваат огромна почит и сносат последици, но родителството? Тоа е повеќе од работа, нели?“

Том Харди Том Харди Том Харди

Популарниот актер започнува да промовира два нови филма во кои ја има главната машка улога - „Fonzo“ за последните месеци од животот на Ал Капоне и „Venom“ во кој глуми новинар чие тело е обземено од вонземски симбиот кој му дава супермоќи.

Зборувајќи за улогата на Веном, тој објаснува: „Тој има ѕвер кој живее во него без да плаќа кирија. Тоа може да биде како некој кој се разболел од тропска болест и полудел. Во одредени аспекти е како да глумиш ментална болест, за којашто имам добро разбирање, затоа што сум имал мои ментални здравствени проблеми кои се релевантни – зависност.“

Том Харди

Трејлер за Venom

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20983 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.