Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Том Харди изгуби „оскаровски“ облог од Леонардо Дикаприо, си доби тетоважа „Лео знае сè“

Том Харди изгуби „оскаровски“ облог од Леонардо Дикаприо, си доби тетоважа „Лео знае сè“

Том Харди треба многу да внимава кога се обложува. 40-годишниот актер си „заработи“ хумористична тетоважа откако изгуби облог од колегата Леонардо Дикаприо.

„Лео знае сè“ – со лош ракопис е испишано со мастило на раката на Харди, кој не е тајна дека обожава тетоважи и веќе има десетина на своето тело.

Том и Леонардо

Имено, Леонардо „предвидел“ дека Том ќе добие номинација за Најдобар актер во споредна улога за заедничкиот филм „The Revenant“, а Харди го оспорувал тоа, па се обложил дека оној кој ќе изгуби, ќе си направи тетоважа избрана од победникот. Том за среќа беше номиниран за Оскар, но за жал го изгуби облогот.

Иако „оскаровската кладба“ била пред две години, холивудскиот актер си стоел на зборот и се истетовирал.

Том и Леонардо Том и Леонардо

Во интервју за „Esquire“ Харди зборуваше за изборот на тетоважата. „Тој со многу лош ракопис напиша „Лео знае сè“. И јас реков, OK, ќе ја направам, но мораш да ја напишеш правилно“ – раскажа тој.

Том и Леонардо

И двајцата холивудски заводници беа номинирани за Оскар за улогите во „The Revenant“, но само Дикаприо успеа да се закити со златна статуетка.

Том и Леонардо Том и Леонардо Том и Леонардо ХардиХарди пред да ја постави тетоважата за Дикаприо Том и Леонардо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20952 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.