Мили Боби Браун го прифати предлогот за брак на Џејк Бонџови.
19-годишната ѕвезда од серијата „Stranger Things“ ја објави веста за свршувачката со фотографија на Instagram.
На неа, Мили и синот на Џон Бон Џови позираат прегрнати, а славната актерка го покажува блескавиот прстен на раката.
„Те сакам веќе три лета, душо, ги сакам сите“ - стои во описот на постот, а во коментарите пристигнуваат честитки од сите страни.
„Засекогаш“ - напиша Џејк на заедничките фотографии на Instagram.
Мили ја откри врската со Џејк пред јавноста во јуни 2021 година.