Дарко Велковски и Тамара Чуприна споделија фотографии од нивната зимска авантура.
29-годишниот фудбалер и неговата сакана се забавуваа и уживаа со Ведран, кој за два дена ќе наполни три години, како и со седуммесечниот Видан. На фотографиите, Дарко го „вози“ Ведран со санка додека Тамара го држи Видан во рацете.
Еве го албумот од семејното патување на парот:
И претходно Тамара имаше споделено фотографии од скијање на Попова Шапка.
Дарко и Тамара стапија во брак во јануари 2022 година, а еден месец подоцна, го добија нивното прво дете. Дарко и Тамара направија свадбена прослава во јули 2023 година. Видан се роди во јуни минатата година.