Синоќа, во Линколн центарот во Њујорк беа доделени наградите „Жени на годината“ на Glamour.
На настанот, Мили Боби Браун пристигна со својот вереник Џејк Бонџови и неговата мајка Доротеја. 19-годишната ѕвезда од „Stranger Things“ носеше црна креација од Луј Витон, дизајнирана специјално за неа.
На Мили ѝ припадна честа да биде прогласена за Жена на годината на глобално ниво, а наградата ѝ ја врачи Доротеја, која му е сопруга на легендарниот пејач Џон Бон Џови.
„Многу ми значи што си тука вечерва. Ме инспирира твојата страст да им помагаш на другите со твојата хуманитарна работа и се надевам дека ќе бидам половина од жената што си ти. Доротеја го израсна својот син, мојот вереник, да се чувствува удобно покрај силни жени. Да ги гледа жените како рамноправни, да биде сојузник, токму она што ни е потребно. Мајките, кои имаат отворени и транспарентни разговори со своите синови, можат да ја зајакнат родовата еднаквост за мојата генерација и за следната“ – рече во својот говор младата актерка.
Мили и Џек се заедно од 2021 година, а се верија во април годинава.