Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ѕвездата од „Prison Break“ со емотивен пост возврати на меме кое ја исмејува неговата тежина

Ѕвездата од „Prison Break“ со емотивен пост возврати на меме кое ја исмејува неговата тежина

Вентворт Милер со моќна објава на Facebook возврати на меме кое се распространи на социјалните мрежи.

Славниот актер одговори на навредливиот коментар и споредбата на неговата тежина преку две фотографии. Во долгиот текст, тој објасни дека едната фотографија била направена во период кога тој бил во депресија и се борел со самоубиствени мисли, а утеха пронашол во храната.

Вентворт Милер

Денес открив дека сум тема на интернет меме. Тоа не е првпат.

Но ова, се истакнува од другите.

Во 2010 година, бев полу-пензиониран од актерството и избегнував публицитет поради повеќе причини.

Прво и најважно имав самоубиствени мисли.

Тоа е тема за која оттогаш имам многупати пишувано, зборувано и споделувано.

Но, во тоа време, страдав молчаливо. Како што е случај со многу други. Малкумина знаат колку многу се измачував.

Засрамен и во болка, се сметав себеси за безвреден. Гласовите во мојата глава ме туркаа на патот до самоуништување. Тоа не се случуваше првпат.

Се борам со депресија уште од дете. Тоа е борба која ме кошта време, можности, врски и илјадници непреспани ноќи.

Во 2010 година, бев во најлошиот период во мојот живот како возрасен и секаде барав олеснување/утеха/одвлекување на вниманието. И се насочив кон храната. Можеше да биде што било – дрога, алкохол, секс. Но, јадењето стана она едно нешто кое го чекав со нетрпение. Имаше периоди кога најубавиот момент во седмицата ми беше омилениот оброк и нова епизода на Top Chef. Понекогаш тоа беше доволно. Мораше да биде така.

И се здебелив. Голема работа.

Еден ден, додека пешачев со пријател во Лос Анџелес, ни се пресекоа патиштата со филмска екипа која снимаше реално шоу. Без да знам, папараците кружеа. Ме фотографираа, а фотографиите беа објавени до мои слики од друго време во мојата кариера.

Мајка ми има од оние „пријатели“ кои секогаш први ти ги соопштуваат лошите вести. Отсекоа една од тие статии од популарен национален магазин и ѝ ја испратија по e-mail. Таа ми се јави загрижена.

Во 2010 година, додека се борев за моето ментално здравје, тоа беше последното нешто што ми требаше.

Да не должам, преживеав.

Преживеаја и тие слики.

Мило ми е за тоа.

Сега кога ќе ја видам таа фотографија од себе во црвена маица и со ретка насмевка на лицето, се потсетувам на мојата борба. На мојата издржливост и упорност додека се соочував со најразлични демони. Некои внатрешни. Некои надворешни.

Како глуварче кои се пробива низ тротоарот, јас опстојувам.

Некако. Сè уште. И покрај сè.

Кога првпат го видов тоа меме на социјалните мрежи, морам да признам дека тешко ми беше да дишам. Тоа што зборувам за ова/мојата слика значи Сила. Заздравување. Простување.

Себеси и на другите.

Ако ти или некој што го познаваш се мачи, достапна е помош. Побарајте. Пратете порака. Пратете e-mail. Кренете телефон. Некој се грижи. Тие чекаат да ве слушнат. Многу љубов. В.М.

Под пораката, Милер остави и линкови до организации кои им помагаат на лица со самоубиствени намери.

Today I found myself the subject of an Internet meme. Not for the first time. This one, however, stands out from the...

Posted by Wentworth Miller on Monday, March 28, 2016

Уредниците на сајтот The Lad Bible кои го објавија навредливиот пост, денес му се извинија на Милер и потенцираа дека менталното здравје и менталните болести се сериозна тема.

Wentworth Miller,We posted two pictures of you last night to our Facebook page, but today we want to say we’ve got...

Posted by The LAD Bible on Tuesday, March 29, 2016

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.