Почетна » Новости » Занимливости » ВИДЕО: Ед Ширан изненади младенци за нивниот прв свадбен танц

ВИДЕО: Ед Ширан изненади младенци за нивниот прв свадбен танц

Ед Ширан им се придружи на водители во австралиска радиостаница за заедно да им приредат незаборавно свадбено изненадување на млади родители.

Талентираниот пејач во живо им ја испеа „Thinking Out Loud“ на парот кој ја избра емотивната балада за својот прв свадбен танц.

Мет и Киа Дебоно со години посакувале да стапат во брак, но биле принудени да ја одложуваат свадбената церемонија. Пред две години, мајката на Киа ненадејно починала, а потоа Мет останал без работа, па од финансиски причини, парот не успеал да ја круниса својата љубов со брак.

Водителите од радиостаницата „KIIS 1065“ преку спонзорства собрале десетици илјади долари за да им организираат свадба на Мет и Киа, а Ширан со задоволство се приклучил во изненадувањето.

Радоста на лицата на зетот и невестата кога ќе го видат Ширан ќе ви измами насмевка.

Ед Ширан Ед Ширан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20841 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.