Двејн Џонсон уште еднаш покажа дека има големо срце. Славниот актер сними видео во кое пее песна за да исполни желба на болно девојче кое го обожава.
52-годишниот глумец ја посвети својата изведба на 4-годишната Лили Гереро, која моментално е на домашна нега и не ѝ останува уште долго време живот.
Нејзината желба била Двејн да ја испее песната „You’re Welcome“ од дизниевиот хит „Moana“, за да може да ја слуша секој ден. Двејн го позајмува својот глас за ликот Мауи во анимираниот филм.
Лили не комуницира вербално, но сè уште може да слуша, гледа и да реагира. Таа мора да се храни преку туба. Секој ден, по цел ден таа гледала Моана и вели дека Двејн ѝ е омилен актер.
Needed to share this "rush" wish with all of you ️
— Dwayne Johnson (@TheRock) July 1, 2024
And in return we all can send this little 4yr old girl all the positive vibes and beautiful MANA she deserves and needs right now.
Lily is on home hospice and her wish is for me to sing "You're Welcome"
Lily Guerrero, it's my… pic.twitter.com/lgoF34v1av
Исполнувањето на желбата на Лили се оствари преку непрофитната организација Make A Wish.