Изминатиот викенд, Борис Бекер стапи во брак со 22 години помладата Лилијан де Карваљо Монтеира, а синоќа, тие заедно зачекорија на црниот тепих во Берлин.
На отворањето на „Лејвер купот“, 56-годишниот поранешен тенисер и 34-годишната аналитичарка ги усголасија своите стајлинзи. Тие носеа црни модни комбинации, а на нивните раце блескаа бурмите кои си ги разменија на свадбата во саботата.
Парот стапи во брак на 14 септември во Портофино, Италија. Ова е трет брак за Борис.