Тренерки + проѕирен корсет + мрежести хулахопки + сандали... Ким Кардашијан оправдано доби бран критики за модната утка во Париз.
Изгледот на 35-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ во Париз беше далеку од моден погодок.

Исто така, нејзиниот сопруг Кание Вест, кој веројатно е креаторот на двата сајлинзи, привлече купишта негативни коментари. Крзнената бунда некако воопшто не си одговараше со неговата лежерна облека, ниту пак со разголениот аутфит на Ким. Парот едноставно како да се облекувал за различна климатска зона.





Тоа не е единствениот стајлинг со кој Ким привлече внимание за време на Париската недела на модата. На ревијата на Balmain, таа се појави во проѕирен комбинезон кој премногу го разголи нејзиното тело.





