Бергузар Корел моментално е посветена на промоција на својот нов филм „Baska Ihtimal“. На прикажувањето на филмот во Истанбул, 36-годишната турска актерка се појави во припиен кожен фустан.
Корел, која е позната по улогите на Шехерезад од „1001 ноќ“ и Азизе од „Далеку од дома“, доби бројни комплименти за новата кратка фризура.

Таа позираше со својот колега Енгин со кого глуми во филмот.









На претходна свеченост посветена на новиот проект, Бергузар ја доби поддршката од својот сопруг Халит.








