Бергузар Корел зрачеше со шарм и харизма на настан во Истанбул.
Турската актерка, најпозната по улогата на Шехерезад во серијата „1001 ноќ“, блескаше во гламурозно издание на свеченоста организирана од списанието „Marie Claire“.
Убавата сопруга на Халит Ергенч носеше креација од Raisa Vanessa.
Корел е ѕвезда на најновото издание на „Marie Claire“ Турција, а во текот на вечерта нејзе ѝ беше доделена и награда.
Бергузар стана русокоса за нова улога во претстојната серија „Düğüm“.
Бергузар и Халит имаат три деца, синовите Али и Хан и ќеркичката Лејла.