Марк де Јонг со сопругата уживаат на Бали, каде вчера го прослави својот 56-ти роденден.
Познатиот готвач од емисијата „Брза Кујна“ сподели фотографии и видеа од роденденското изненадување и егзотичното патување со саканата Василка, која му напиша слатка порака:
„Роденденот е потсетник на прекрасното патување на животот. Ти посакувам бескрајни насмевки, смеа и љубов денес и засекогаш. Сè што посакувам за тебе е да се чувствуваш сакано. Се надевам дека ќе можеме да уживаме во секој скапоцен момент и дека ќе продолжиме да создаваме убави заеднички спомени во годините кои доаѓаат... Среќен роденден, срцко мој“.
Шеф Марк и Василка стапија во брак во 2021 година. На 20 јуни, тие ја одбележаа третата годишнина.