Шенон Доерти верува во трета среќа. Ѕвездата од популарната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“ изминатиов викенд по третпат го изговори судбоносното „Да“.
40-годишната актерка стапи во брак со фотографот Курт Исвариенко на интимна церемонија која се одржа на зајдисонце во Малибу.
Среќниот пар ја официјализира својата врска пред 170 гости, но и пред телевизиска екипа. Подготовките и самата свадба ќе бидат дел од реално шоу на Доерти.
Шенон, позната по улогата на Бренда Волш, претходно беше во кратки бракови со Ешли Хамилтон и бившиот на Парис Хилтон, Рик Соломон.
По два пропаднати брака, познатата бринета пред една година изјавила дека си ја научила лекцијата и дека повеќе нема непромислено да скока во брачните води.
„Бракот за мене е гигантско обврзување што нема повеќе да си го сфаќам несериозно. Си ја научив лекцијата“ – признала таа.