Бред Пит беше дел од гостите на 93-тото издание на Оскар, кое се одржа во Лос Анџелес.
57-годишниот холивудски заводник изгледаше елегантно во црн костум на манифестацијата каде ја додели наградата за Најдобра актерка во споредна улога. Бред привлече бројни комплименти со фризурата и младоликиот изглед.
Славниот актер позираше и со добитничката на наградата Најдобра актерка во споредна улога, Јо-Џан Јонг.
Минатата година, тој ја доби наградата за Најдобар актер во споредна улога за улогата во „Once Upon a Time in Hollywood“ на Квентин Тарантино.