Шарлиз Терон ја прекина врската со Шон Пен. Атрактивната оскаровка ја иницирала разделбата по Канскиот филмски фестивал.
Според американските медиуми, актерите живеат одделно и го откажале присуството на настани на кои требало да се појават заедно. Сè уште нема коментар од претставници на двете филмски ѕвезди.
39-годишната Терон и 54-годишниот Пен беа во врска од 2013 година, а се шпекулираше и дека се верени.
Последен пат парот беше фотографиран на црвениот тепих во Кан.