Шарлиз Терон посвои и второ дете. Холивудската убавица посвоила девојче со афроамериканско потекло кое го добило името Огуст (August).

39-годишната актерка го посвои синот Џексон во 2012 година.

„Отсекогаш сум била многу искрена кога сум велела дека сакам семејство. Отсекогаш знаев дека сакам семејство. Не верувам дека мајка ми можеше да чека повеќе. Џексон е неверојатен, најголемиот дар“ – изјави таа набрзо по првото посвојување.



Терон неодамна ја прекина врската со актерот Шон Пен.
