Раде Врчаковски-Врчак и Ламбе Алабаковски повторно запеаја заедно.
42-годишниот македонски музичар, кој во изминативе години беше отсутен од македонската музичка сцена, му се придружи на Ламбе на сцената за време на свадба. Тие ја изведоа нивната песна „Спасете ме другари“, која во 2006 година беше дел од вториот студиски албум на Врчак, насловен „Во твоето срце“.
„Моите молитви се остварија фала Ти Боже вчера тоа ми се потврди! Верувам дека човекот се враќа во полн и поголем сјај! И да испишиме уште едно време и ера на Македонската сцена и музика“ – напиша Алабаковски во описот на видеото од настапот.
Претходно, Ламбе сподели фотографии и видео во кое настапува со Петар Грашо на истата свадба.