Ламбе Алабаковски има среќна вест. Македонскиот пејач на Instagram сподели дека го доби второто дете и го откри полот на бебенцето и неговото име.
На Ламбе и неговата сопруга Магдалена им се роди уште едно синче кое ќе се вика Димитриј.
„Добре дојде Димитриј! Во оваа светла седмица уште една радост од Бога, ја споделуваме со Вас“ – напиша Ламбе и додаде дека бебенцето се роди на 23 април.
Ламбе и Магдалена имаат и синче кое се вика Михаил. Тие сега живеат во Флорида.