Роџер Федерер триумфираше на Вимблдон и по осми пат ја освои титулата на најпознатиот тениски турнир. На победничкиот натпревар, 35-годишниот тенисер ја доби огромната поддршка од своето семејство.
Неговата сопруга Мирка заедно со нивните четири деца го бодреше од трибините. 7-годишните близначки Шарлин и Мајла и 3-годишните близнаци Лео и Лени го украдоа вниманието со преслаткиот изглед.
За вечерата на шампионите, славниот пар се појави во елегантно издание.
Швајцарскиот ас и поранешната тенисерка стапија во брак во април 2009 година, а во јули истата година им посакаа добредојде на двете ќеркички. Нивните синчиња се родија во 2014 година.