Како еден од официјалните претседавачи на МЕТ галата, Роџер Федерер се појави пред музејот „Метрополитен“ во елегантно издание.
41-годишниот поранешен тенисер беше придружуван од сопругата Мирка, која исто така е поранешна тенисерка. Таа носеше розова креација со пердуви од Валентино.
Мирка и Роџер се запознаа во 2000 година, а стапија во брак 9 години подоцна. Тие имаат два пара идентични близнаци, едните женски, а другите машки.