Кога во 2017 година 6-годишниот Изјан Ахмад му постави прашање на Роџер Федерер на пресконференција, воопшто не ни помислуваше дека еден ден ќе застане наспроти него на тениското игралиште.
За време на УС Опен, момчето нарекувано Зизу ја праша тениската легенда дали ќе продолжи да игра додека тој да порасне за да може да му биде опонент.
„Можеш ли, те молам, да продолжиш да играш уште осум, девет години за да можам да играм со тебе кога ќе бидам професионален играч?“ – го праша Изјан, а Федерер му даде ветување дека ќе го направи тоа.
Пет години подоцна, во јуни оваа година, во соработка со Barilla, тој го исполни дадениот збор.
Изјан отпатува во Цирих, мислејќи дека оди на тренинг. Но, таму го чекаше најголемото и најубаво изненадување во неговиот живот.
Вака изгледа исполнување на еден детски сон: