Роџер Федерер ја имаше најсилната поддршка на трибините на Вимблдон на мечот против Лојд Џорџ Харис. Неговата сопруга Мирка со четирите деца навиваа за негова победа во првото коло на Грен Слем турнирот.
41-годишната поранешна тенисерка, која е родена во Словачка, ги понесе на мечот близначките Шарлин и Мајла и близнаците Лео и Лени. Големо внимание привлече едно од синчињата на Роџер, кое со гримаси го искажуваше незадоволството додека татко му го губеше првиот сет.
Во мечот, победник беше Федерер, кој во вториот сет успеа да се врати во игра и извојува заслужена победа.