Вчера, Роџер Федерер се врати на Вимблдон каде беше дочекан со громогласен аплауз.
На специјалната церемонија одржана во негова чест, 41-годишниот тенисер пристигна со сопругата Мирка, со која имаат два пара близнаци. Мирка изгледаше одлично во бел фустан извезен со цветови.
Роџер и Мирка седеа покрај принцезата Кетрин, која како и секогаш беше во одлично расположение. 41-годишната припадничка на британското кралско семејство е многу добра пријателка со тенисерот кој осумпати имаше победено на Вимблдон пред неговото пензионирање минатата година.