Тамара Грујеска беше меѓу изведувачите на хуманитарниот концерт „Детска Насмевка За Овој Свет“ во Спомен куќата „Тодор Проески“.
13-годишната музичка ѕвезда блесна во син краток комбинезон од македонската дизајнерка Ива Спасовска. Таа сподели фотографии на Instagram и напиша:
„Чест и задоволство е да се пее за нашата Македонска музичка икона Тоше Проески и да се продолжи неговото дело. Вечно ќе се паметат и пеат неговите песни. Тој заслужува бесконечна почит. Тоше те сакаме“.
„Концертот беше магична приказна за љубовта, хуманоста и спомените кон неговото дело кое го носиме во срцата. Нека овој концерт биде симбол на нашата заедничка љубов кон Тоше и неговата несебична добрина“ – стои во објава на Тамара.
Концертот се одржа на 29 јуни. Датумот беше избран бидејќи пред точно 20 години, на тој ден, Тоше го одржа својот прв голем концерт на Градскиот стадион, кој сега го носи неговото име - Арена Тодор Проески.
„Овој јубилеен датум е можност да се потсетиме на неговата несебична љубов и добрина и да ги славиме незаборавните моменти кои ги остави зад себе“ – напишаа од од „Play Without Boundaries” (Игра Без Граници).